ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На календарот за вакцинација, од денеска две нови задолжителни вакцини

471

Од денеска, почнува вакцинацијата со новите вакцини за рота вирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација за бебињата и децата, а министерот за здравство, Венко Филипче, ги најави пред неколку месеци.

Вакцините за бебиња и мали деца се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Со вакцината против рота вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле, се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.

Со пневмококната вакцина се намалува можноста за пренос на вирусот. Третманот на пневмококни инфекции со антибиотици не е толку ефикасен, поради големата отпорност на бактеријата кон антибиотици, што ја прави вакцинацијата уште поважна превентивна мерка. Вакцинирањето е најдобриот начин детето да се заштити од пневмококна инфекција.

Пневмококната вакцина се дава интрамускулно. Се користи пневмококна вакцина, која штити од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Детето може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: