ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На повидок решение за агонијата на Еурокомпозит?!

1.184

По договорот со синдикалната организација на прилепскиот загубар Еурокомпозит 11 Октомври, обезбеден е излез од тешката социјална состојба на вработените во компанијата во државна сопственост од наменската индустрија.

До крајот на месецов, до 30 септември, ќе биде прогласена групата работници за технолошкиот вишок и тие луѓе ќе може да си ги остварат своите права во рамките на законите на Република Македонија и да бидат згрижени, изјави денеска во Прилеп вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„За „Еурокомпозит“ обезбедивме услови да може да произведува. За жал, тие се соочуваат со сериозни тешкотии кои настанале во 2011, 2012 и во 2013 година. Добра информација е тоа што сме на добар пат да го решиме. како што се договоривме со Синдикатот на „Еурокомпозит“ и со раководството, до крајот на месецов, до 30 септември, ќе бидат прогласени за технолошки вишок и тие луѓе ќе може да си ги остварат своите права во рамките на законите на Република Македонија и да бидат згрижени, рече Анѓушев. Од 1 октомври, фирмата ќе премине во период на предстечајна реорганизација во која се обезбедени инвеститори да може „Еурокомпозит“ да продолжи да работи како нормална компанија. Јас се надевам дека за една до две години ќе можеме да застанеме во „Еурокомпозит“ и да кажеме како државна компанија ја средивме, ја реорганизиравме и ја дадовме на инвеститор за да направи добри резултати. Компаниите од Регионот кои работат во дејноста на „Еурокомпозит“ работат успешно.

Како што потенцираше вицепремиерот Анѓушев, тој не гледа причина тоа да не се случи и со „Еурокомпозит“, зашто е убеден сум дека тоа решение ќе дојде.
Единствениот прилепски загубар Еурокомпозит кој беше дел од групата на поранешните 4 те компании во државна сопственост , никако да тргнат со средување работите околу финансиските дубиози и наталожените нерешени прашања на работниците кои не земаат редовна плата, а за изминатите 6 години не им се подмирени придонесите за пензиско осигурување. Во компанијата се вработени 280 лица, а од неодамна производниот процес запре заради прекинот со снабдување на електрична енергија, од едноставна причина – компанијата и должи на ЕВН.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: