ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На прилепските велосипедски патеки: паркиран автомобил на сред лента, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“…или контејнер

842

Неформалната група #ПрилепНаТочак, која како критична маса се залга за возење точак , за намалување на бројот на автомобили  и заштита на животната средина , сакајќи да ја подигне свеста кај локалната власт и несовесните граѓани , за поголем број велосипедски патеки и за намалување на „мртви велосипедски патеки“ каде има паркирани возила,  овој пат на невообичаен, сиболичен начин,  обележа како може да се постави и означи велосипедска патека за заштита на оние кои велосипедот го користат како превозно средство, но и да опоменат и потенцираат дека велосипедските патеки не се за поставување на контејнер ,  паркирани  возила и блокирани патеки .  На својата фејсбук страна потенцираа:  https://www.facebook.com/PrilepNaTochak
Често одговорот е дека улиците во нашиот град 

се тесни и
 нема доволно место за велосипедски ленти и тротоари.
Но, секојдневно сме сведоци дека има паркирани автомобили на сред коловозни ленти, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“.
Пред кафичи само да пијат кафе,
пред трафики само да купат цигари,
пред обложувалници само да уплатат ливче,
пред банкомати само да извадат пари…

Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај? Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје…

 

Наместо МРТВИ СООБРАЌАЈНИ ЛЕНТИ за паркирање ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај!
Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед и треба делување не во иднина, треба сега, треба денес.- пишува на својот Фејсбук профил Неформалната група #ПрилепНаТочак, и ги обележа патеките со црвена лента.
Тие велат дек ан прилепските улици имаат доволно место за сите, не е потребно проширување на улиците само правилно распределување на просторот.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: