ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 350 деветоодделенци од Прилеп, Кривогаштани, Долнени во посета на СОУ „Наум Наумоски Борче„ Крушево

668

Над 350 ученици, полуматуранти од општините Крушево, Прилеп, Долнени и Кривогаштани го посетија СОУ „Наум Наумоски Борче „ – Крушево на „Oтоворениот ден„ и се интересрираа за можностите кои ги нуди ова училиште , како нивни иден избор за квалитетно образование.

Пред идните средношколци беше презентирано гимназиското образование на СОУ „Наум Наумоски Борче„, кое нуди избор на математичко , опшествено – хуманистичко и јазично уменитчко подрачје,

како и со угостителско –туристичка струка кој практично, им покажа на посетителите –дееветооделенци, со готови изработки , како может да добијат занимање која е барано на пазарот на трудот: професионален готвач, келнер и слаткар или пак како да се менаџира во угостителство и хотелијерството: хотелско туристички, хотелско – ресторански или угоститлески техничар.  Струката е во рамките на дуалното образование кадеш што учениците кои ќе се запиша во угостителко – туристичката струка ќе имаат можност да учат низ практична работа во рресторани и хотели ,но и за тоа да добиваат парична надокнада од 3500 ден .

Идните средношколци, деветоодделенци од различни основни училишта од Крушево и околните општини  при посетата на СОУ „Наум Наумоски Борче„

 

имаа можност да ги разгледаат и условите во училиштето кое нуди безпрекорна можност за едукација, надоградба , со опремени кабинети и училници и со посветеност од страна на професорите кои секогаш им излегуваат во пресрет на учениците .

Од СОУ „Наум Наумоски Борче„ – Крушево велат дека тука учениците ќе имаат можност да учат за животот, еден од најважните постулати за „влегување во светот на возрасните„ по завршувањето на  средното образование.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: