ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НАСКОРО : Бизнис лига во пинг-понг на град Прилеп (ФОТО)

Пријавени петнаесет екипи од бизнис секторот

682

Одлична иницијатива на пингпонгарскиот клуб Младост 96 , кој годинава за прв пат ќе ја организира бизнис лигата во пинг понг на град Прилеп.Пријавени се петнаесет екипи од бизнис секторот од градот, кои ќе разигруваат по систем секој со секого , двокружно во есенски и пролетен дел. Има и за што да играат , вредни награди кои се обезбедени од страна на организаторот. Главната наградата на бизнис лигата е невообичаена но и привлечна. Играчите од победничкиот тим   ќе одат на викенд ревијален меч со  победничката екипа од бизнис лигата во Црна Гора. Како награди предвидени се и пингпонгарски реквизити за најдобрите три екипи од лигата.

За овогодинешното прво издание на пингпонгарската бизнис лига на Прилеп се пријавени вкупно петнаесет екипи и тоа : Мермерен Комбинат , Витаминка, Црна Река Петрол , Кабелнет , Елмонт , Секе , Комфи Ангел , Вик , Халк осигурување и банка , обезбедување Питон , нотар Маркоски , синдикат на Тутунски Комбинат , синдикат на Мепсо , синдикат на Марко Цепенков како и професори по спорт од гимназијата Мирче Ацев.

За Радио Пела , еден од организаторите , Златко Рикалоски вели дека оваа лига треба да прерасне во традиција за градот , зашто пингпонгот како спорт си има посебен шарм и убавина особено кога на таблата ќе се појават играчи кои се познаваат а работат во различни фирми и сигурно ќе го покажат својот натпреварувачки дух , односно да се надмудруваат меѓу себе во пинг понг , спорт кој како хоби и редовно се практикува помеѓу прилепчани. Рикалоски потенцираше  и дека на полусезона се очекува најдобрата екипа од Црна Гора која настапува во бизнис лигата во оваа земја да го посети Прилеп и земјава.

Бизнис лигата во пинг понг на Прилеп стартува наскоро а во наредните денови се очекува и официјално да се направи ждребот на двојките од првото коло и да стартуваат натпреварите на сите пријавени екипи годинава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: