ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НЕ Е КРАЈ, ИМА УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА ФУДБАЛСКИ ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

442

Заврши првенството од Втората фудбалска лига – Исток, каде Победа го освои првото место, го доби и пехарот за пласманот во прволигашкото друштво. Но тука не е крајот за, гладната за фудбал, прилепска публика. Во самата завршница е првенството од Младинската фудбалска супер лига, во која е борбата за титулата шампион помеѓу Победа и Вардар. Победа има минимална предност на табелата со 53 бода од 21 меч, пред Вардар со 52 бода од 22 меча, така што кулминација од досегашниот тек на лигата е следното коло во кое е дербито Вардар – Победа. Во дербито под императив влегуваат младите скопјани, бидејќи мораат да победат за да имаат надежи до крајот. Прилепчаните се поспокојни бидејќи потоа имаат уште два меча, додека Вардар уште само еден. Со оглед на тоа што Победа дома има натпревар со скопски Њу старс, се очекува силна поддршка од публиката на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. А има идеја токму овој дуел да биде на најпосетеното место, Градскиот стадион „Гоце Делчев“, се разбира пред многу публика.

Но, да причекаме прво да се одигра дербито, па потоа ќе падне одлуката за тоа каде ќе се одигра следниот меч.

Извор : www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: