ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Не за бугаризација“,вечерва протест во Прилеп ?!

455

Прилепчани бараат начин како да го искажат револтот против „францускиот предлог“ и се организираат преку социјалните мрежи за одржување на протест во центарот на градот. Протестот е насловен „Не за бугаризација“, со повик на социјалната мрежа Фејсбук, вечерва на камената бина во центарот на Прилеп со почеток во 19 часот.

Досега, преку повици од поединци, на социјалните мрежи имаше неколку обиди за спонтано собирање за изразување на револтот на прилепчани против „Францускиот предлог“, но присутноста беше малубројна. Во рамките на организираните протести, во петокот на излезот од Прилеп кај Заполшки мост се одржа едночасовна блокада од 13 до 14 часот под мотото „Ултиматум, не благодарам“ .

Инаку, како и синоќа, така и вечерва во Скопје, со почеток во 19 часот ќе се одржи мирен протестен марш кој започнува од пред Владата, а завршува пред македонското Собрание.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: