ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неопходно е да се вратат вредностите на спортскиот живот во Прилеп

675

На спортскиот аеродром кај Мало Коњари и годинава се одржуваат натпревари во спортско воздухополовно моделарство. Неделата на европскиот спорт 23 – 30 септември беше во знакот и на воздухопловните спортови. Викендов во организација на Воздухопловната федерација на Македонија и Воздухопловниот клуб „Фил Феникс Прилеп“ се одржа „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп“ и „Македонија Куп“, Рели со дронови, што беше одлична можност да се ужива во природа и да се потсетиме на убавите денови кога Спортскиот аеродром кај Прилеп го држеше приматот не само во Македонија туку и во поранешна Југославија за обучување на елитни пилоти.  Настанот привлече посетители меѓу кои и поранешни воздухопловни натпреварачи, пилоти, како што е Зоран Митрески, кандидат за градоначалник на Прилеп, од редовите на партијата Интегра, кој што неколку децении бил активен спортски пилот.

 Митрески: Да го вратиме воздухопловниот спортски дух во Прилеп

„ Почетоците на воздухопловните активности на овој аеродром во с. Мало Коњари во близина на Прилеп потекнуваат уште од почетокот на минатиот век каде бил база на авионите од првата и втората Светска војна, за да веднаш после ослободувањето се стави во функција на тогашните наши воздухоплови.

Формиран е воздухопловниот сојуз на Македонија кој низ времето оставил над 24.000 воздухопловни и ракетни моделари, повеќе од 5.000 падобранци, 3.200 пилоти на едрилици, повеќе од 800 моторни пилоти и преку стотина параглајдеристи и змајари во поново време. Воздухопловната федерација на Македонија со аероклубовите располага со пет спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола.

Во некои од нив денес сеуште функционираат воздухопловно школски центри, додека во Прилеп веќе дваесетина години низ ливадите од пистата не се слушаат инструкциите на инструкторите на младите пилоти кои беа извор на тогашната воена и цивилна авијација. Веќе дваесет години спортскиот живот и дух во Прилеп замираат заедно со секоја наредна година и неопходно е да се вратат сите вредности на спортскиот живот, не само во овој спорт, туку и во сите други спортови кои го краселе градот и витрините на клубовите од освоените државни, европски и светски натпревари“, рече Зоран Митрески при посетата на спортската манифестација.

Инаку, на денешните натпревари македонските натпреварувачи постигнаа одлични резултати: Гоце Јосифовски го освои првото место во F1A во сениори, а а Анастасија Пожарска прво место во јуниори

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: