ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новогодишна книжевна разгледница со дела од прилепскиот Клуб на литературни творци

740

На покана на ЈОУ ГБ „Борка Талески“ – Прилеп, членовите на Клубот на литературни творци од градот, со своите дела, се секојдневни гости во холот на библиотеката до 31 декември.
– Како установа, сакаме да дадеме придонес во негување на роднокрајното македонско творештво, изразувајќи почит кон авторите, и нивните дела, а со тоа и поголема понуда за читателите, вљубеници на пишаниот збор. Авторите секојдневно ќе бидат присутни во холот, а читателите, граѓаните ќе може со нив да разговараат, да уживаат во понудата, во новогодишен амбиент и во пријатна атмосфера, велат од Градската библиотека.
Членовите на Клубот на литературни творци презентираат книги поезија, поезија за деца и романи.
Прилепскиот клуб постои од 2011 година, членовите организираат бројни манифестации во текот на годината, а со предновогодишното дружење упатуваат порака:

„ Подарете книга од прилепските автори по промотивни цени. Разгалете ги вашите најмили со радоста што ја носи поезијата и прозата, со задоволството што може да го подари книгата.“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: