ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележан денот на бакалите

354

Градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски денес беа присутни во храмот Св. Благовештение каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“.

Се одржа Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините. Годинашен домаќин односно кум е Кирил Јандреоски. После црковната литургија на заедничка трпеза со дружба го одбележуваат патрониот празник во с.Лениште на манастирот Св.Петка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: