ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

OK ВМРО ДПМНЕ: Пачешкоски, по 2 трансфери се „вдоми“ во Тутунски

213

Прес конференција денеска одржа ОК на ВМРО ДПМНЕ. Тема на денешното обраќање до јавноста беше смената на директорската функција во Тутунски Комбинат АД Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

„Додека народот едвај врзува крај со крај, во оваа тешка економска криза која како резултат на лошите политики на централната власт, затвори голем број на бизниси и остави народ на улица, челниците на СДСМ, аздисуваат од едно на друго работно место.

Најдобар пример за тоа е претседателот на Општинската организација на СДСМ во Прилеп, Зоран Пачешкоски. Откако „ја среди работата“ со Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, како раководител, направи трансфер на сезоната во Управата за јавни приходи. Истиот Пачешкоски наместо да се занимава со незадоволните земјоделци кои мака мачат со производството, во време на прескапа струја, репроматеријали, задоценти мерки и речиси никаква помош од државата, здивна извесен период во УЈП и добро се одмори.

На крај откако му помина медениот месец во УЈП, Зоран Пачешкоски прави уште еден голем трансфер и застанува овој пат на чело на прилепскиот Тутунски комбинат. Каков безобразлук и бесрамно партизирање на институциите?!

Сосема легитимно, е во овој момент да се постави прашањето која е идејата на криминалната централна власт со ваквиот потег? Ако се има предвид дека СДСМ и ДУИ, освен што вршат масовен грабеж врз грбот на обичниот граѓанин и тргнуваат со националните интереси, одговорот ќе го дознаеме во некое идно време. Дали на повидок е уништување на Тутунскиот комбинат по 150 години негово постоење и нов бомбона бизнис, преку негово продавање, останува да видиме?

Почитувани, централната власт предводена од СДСМ единствено се грижи за своите челници и функционери, преку доделување на атрактивни работни позиции, и овозможување услови за развој на бизниси за струја и марихуана, на лица блиски со власта. После смена на централната власт и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите ќе се вратат во нормала. Ќе биде ставен крај на беззаконието, хаосот и нередот кој СДСМ и ДУИ го практикуваат,“ посочи Христијан Тунески од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: