ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК ВМРО ДПМНЕ прашува: „Дали е вистина дека болницата нема набавено мазут?“

859

„Старо-новата влада предводена од СДСМ на чело со Димитар Ковачевски, не е ништо друго освен продолежние на политиките на владата предводена од Зоран Заев, политики на неработење и тргување со националните интереси„ – ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Александра Свајќароска на денешната прес конференција пред ОБ „Борка Талески “ – Прилеп

„Институциите кои спаѓаат под централната власт, мора да бидат сервис на граѓаните и да ги задоволуваат основните потреби и барања. До ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, деновиве стигнуваат најразлични информации во врска со работењето на Општата болница со проширена дејност во Прилеп, па со оглед на тоа што е месец февруари и се уште трае грејната сезона, прашуваме. Дали е вистина дека болницата нема набавено мазут? Доколку нема набавено мазут, на што се должи тоа, ако се има предвид фактот дека мазутот и тоа како е потребен во овој период? Дали раководните лица, планираат да преземат нешто во однос на ова прашање? Наместо празни флоскули, јавноста заслужува точен одговор на овие прашања.
Минатиов период се изнагледавме парадирања на Димитар Ковачевски и на министерот за земјоделие Љупчо Николовски низ Прилеп, во обид да го спасат она што остана од нискиот рејтинг на СДСМ, кој најдобро се виде на локалните избори и нивниот пораз со 7500 гласа разлика. Истите можеа да појдат и до болницата, да видат во какви услови се работи и дали истата е снабдена со мазут? Почитувани, оваа старо-нова влада предводена од СДСМ, нема што ново да им понуди на граѓаните. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Институциите мора да работат на највисоко ниво во интерес на сите граѓани, а тоа со сигурност ќе се случи после смена на централната власт.„- истакна Александра Свајќароска

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: