ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Прилеп наскоро, отвора дневен Центар за лица со церебрална парализа

721

Во полн интензитет се градежните работи на објектот во кој ќе биде сместен дневниот Центар за лица со церебрална парализа. Со неговото ставање во функција, после Скопје и Прилеп ќе биде град кој ќе добие Центар од ваков карактер. Капацитетот на дневниот Центар за лица со церебрална парализа ќе биде за 25 до 30 корисници, а согласно предвидените активности, се очекува тој да почне со работа кон крајот на следниот месец.
Покрај средствата на Министерството за труд и социјална политика, со свои средства во изградбата на дневниот Центар учествува и Општина Прилеп. На последната седница на Советот на Општина Прилеп, советниците изгласаа Одлука за измена на распоредот на средства од општинскиот буџет за 2018 година. Конкретно, поради постигнатата пониска цена во тендерската постапка за изградба и реконструкција на локални патишта, средства во висина од 2,5 милиони денари беа пренаменети за опремување на Центарот за лица со церебрална парализа. Овие средства ќе бидат искористени за опремување на Центарот, како и за набавка на специјално возило кое ќе врши превоз на лицата со церебрална парализа, од нивните домови до дневниот Центар и назад.
Покрај финансиските средства во висина од 180.000 денари, собрани од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“, до денот на отворањето на Центарот, Општина Прилеп ќе организира и други настани од хуманитарен карактер, чија цел ќе биде собирање што повеќе средства за негово доопремување.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: