ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општината субвенционира дел од трошоците за купување велосипед!

330

Од денеска 20 јуни сумата за набавка на велосипед, прилепчани можат да ја намалат согласно финансиската поддршка од Општина Прилеп. Субвенцијата изнесува максимум 50% од цената на купениот велосипед, или најмногу 5 илјади денари. Услов е велосипедот да е купен во период од објавување до завршување на јавниот повик или до исцрпување на буџетот од јавниот повик. Општина Прилеп денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп при купување нови велосипеди во 2022 година. Целта е да се стимулираат жителите од општината за користење на велосипеди.

Јавниот повик трае до 19 јули 2022 или до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик (кој што изнесува 2.000.000 денари).

Сите услови за јавниот повик се на следниот линк: https://www.prilep.gov.mk/zapochnuva-javniot-povik-za…/

Одлуката за субвенционирање на дел од трошоците направени при купување на велосипед, ја донесе Советот на општината на последната седница. Изминатите две години Општина Прилеп покрај набавка на велосипеди  субвенционираше и клима уреди со цел намалување на аеро загадувањето . Мерката годинава претрпе измени со оглед на цените на електричната енергија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: