ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пандемијата со Ковид-19 беснее, а тензиите на пациентите растат

1.413

 Состојбите и проблемите со Ковид 19 во Инфективното одделение на прилепската болницата синоќа, ништо поразлична од предходните денови. Сликите од таму кои ни ги испратија членови на семејства заболени, покажуваат дека чекалнта за прием е постојано полна. Велат, со часови и часови се чека прием за преглед кај специјалист-инфектолог, а надвор уште 100-тина пациенти со поддршка на свои најблиски, кои болни, кои здрави (а, веројатно веќе здравите инфицирани од пандемијата поради долгиот престој со своите најблиски во Инфективното одделение) чекаат ред за преглед, за систем, за помош…беспомошно. „Тоа се редиците на луѓе кои чекаат да бидат прегледани. Здрави болни си дишат во вратот уште на влезот. Луѓе кои се со потешки клинички слики, изморени и истоштени, а нема ниту столица ниту кревет да седнат или легнат, ниту можност, ние здравите, да се изолираме и заштитиме. А, докторите прават се’ што е во нивни раце, но недостига организираност…. “ – вели една наша сограѓанка која се јави во програмата на Радио Пела и ни пренесе дел од своето искуство околу тензиите во ковид центрите.

По двајца инфектолози во смена, неколку активни сестри и болнички персонал, без централен довод на кислород во ова одделение и без дополнителна помош деноноќно овие медицински лица водат макотрпна битка за секој човечки живот. Но, невозможно е на толкав број пациенти четворицата специјалисти инфектолози, лекари да им излезат во пресрет.

Соби за изолација има и во другите три одделенија во болницата, Гинеколошко ,Уво, нос и грло и Интерно, „но се додека „виза“ за престој во овие Ковид центр, не даде инфектолог, не може да се влезе во другите одделенија во болницата“- велат нашите сограѓани кои ни испратија фотографии од вечерните случувања во инфективното одделение.

По ваквите стории се чини дека веќе се’ излегува од контрола.

А, модуларната болница, рече во нашата емисија, директорот на болницата Кети Смилеска, треба да биде пуштена во употреба во понеделеник, но по денешниот контакт, таа не’ информира дека иако е започната таа фаза за реализација,за тоа не дозволиле временските услови.  По кажувањата на пациентите очигледно во прашање и недостигот и на персонал, со што состојбата во Инфективното одделние станува тензична.

„Во моментот работиме со расположливиот кадар и не сме ангажирале нови или дополнителен кадар. Оној кој што доброволно ќе се пријави потребно е да се обучи да се внеси во системот. Доколку ја отвoриме модуларната болница, за најскоро време, се размислува во тој дел околу доброволците и она што недостасува како кадар ќе го надополниме согласно планот на болницата“- рече Кети Смилeска во емисијата „Одговори и одговорност„( емитувана 17.03 2021 г.)

 Па, во оваа хаотичност Прилеп и натаму останува водечки град во земјава (само после Скопје) според бројот на заболени и починати лица од корона вирусот. Последните статистички податоци покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Прилеп има вкупно 6.497 заболени лица, во моментов 944 се активни случаи, а во прилепската болница има се’ помалку слободни легла.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: