ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пионерските фудбалски шампиони на приватната школа „Тони“, на прием кај градоначалникот

828

Прваците во регионалната лига , фудбалската школа Тони – Прилеп генерација 2009 успехот го зачини со титулар во својата категорија и на државно ниво.Тоа беше повод денеска фудбалските надежи од градот членови на школата на прилепската фудбалска легенда Тони Наумоски да бидат на прием кај првиот човек на градот Илија Јованоски.
Ова е одлучен успех за младите фудбалери на прилепската школа ако се знае дека во конкуренција на 16 екипи по системот на испаѓање триумфираа пред реномираните Шкендија и Вардар. Во полуфиналето совладана беше екипата на фудбалската школа Перак со резултат 7:3 а во финалето победа над Академија Апостолов со резултат 3:2.
Според тренерот Наумоски ова генерација има квалитет и за повисоки дострели само ако овие деца продолжат со макотрпна работа и надоградба на својот талент во фудбалот. Како што вели прилепската легенда ова е втора титула за неговата фудбалска школа по онаа во 1993 година кога таа генерација успеа да биде најдобра во земјава.
Инаку фудбалската школа Тони редовно учествува на турнирите кои се одржуваат во земјава и регионов, а неодамна со генерацијата 2009 настапија на турнир во Хрватска каде во конкуренција на 48 екипи се пласираа меѓу 16те најдобри , а загубија од домаќинот Шпанско. На истиот турнир настапија и екипите на Динамо Загреб и Хајдук, а надежите на загребски Динамо на крајот беа и прваци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: