ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По шести пат „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

306

Меѓународниот спортски настан „ФИС ролер ски купот Тоше Проески“ во организација на Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик ски“ ќе се одржи од 19 до 21 август. Крушево по 6 ти пат ќе биде домаќин на оваа интернационална манифестација која го носи името на Тоше Проески.  Наредната недела на 19 ти август, настанот започнува со оддавање почит на Тоше, со полагање на цвеќе на неговото вечно почивалиште, во 18:45 часот, а  официјалното отворање на манифестацијата е во 19 часот пред спомен куќата „Тодор Проески“. Според информациите, на настанот ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и претседателот на Скијачката федерација Дејан Пановски.

Првиот тренинг во рамки на Купот ќе се одржи во четврток, 18.08.2022г. во 15 часот.

Трките ќе се одржат во сабота и недела во 9 часот на патот Кривогаштани – Крушево, а доделувањето на наградите во недела во 13 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: