ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОБЕДА E МЛАДИНСКИ ШАМПИОН!!!

351

Преку триумфот од 2:1 над Вардар во Скопје, екипата на Победа на две кола пред крајот е шампион во младинската фудбалска Супер лига. Голема радост беше денеска во Скопје и за играчите, тренерите, управата, но и за навивачите. Победа ќе игра во квалификациите од Лигата на европските шампиони, бидејќи на табелата е недостижна со 56 бода од 22 меча, пред Вардар со 52 од 23 и Шкендија со 48 од 22. До крајот Победа треба да одигра два натпревара, дома со Њу старс и на гости кај Македонија ЃП, додека за Вардар останува само мечот дома со Ренова. Стрелци на головите беа: Никола Величковски во 70. минута за Вардар, а Давид Иваноски во 7. и Филип Тодороски во 56. минута за Победа. Честитки за целата екипа и за сите  тренери, пред се Кирил Овезоски и Филип Мирчески

Следниот натпревар против скопски Њу старс со прослава на титулата ќе биде на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Преземено : www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: