ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа е новот лидер во Втората лига – Исток

697

Прилепска Победа е нов лидер во Втората лига – Исток откако славеше убедливо со 3-0 против Беласица во дербито на 25. коло, а притоа искористувајќи го киксот на Слога Виница. Два гола за прилепчани постигна Бојан Спиркоски во 33. и 68.минута, а конечните 3:0 ги постави Мазари три минути подоцна. Победата можеше да биде и уште повисока, бидејќи играта, ударите, шансите беа во полза на Победа. А поинаку и не можеше да биде, под инспирација на исполнетите трибини од над 5000 гледачи, кои не само што на крајот со силни овации ја поздравија победата, туку и искачувањето на првото место од табелата. Сега реални се шансите Победа директно да обезбеди пласман во Првата лига.

Во прилог на денот за славење беше резултатот од мечот меѓу Слога Виница и Саса (0:0).

Атмосфера  за паметење….

 

Табела :

Победа 56, Слога (В) 55, Беласица 53, Саса 45, Кожуф 34, Пехчево 30, Детонит 30, Осогово 27, Братство 14, ТИМ Локомотива 6.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе