ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОБЕДА НОСИ 3 БОДА ОД ГРАДСКО

923

Екипата на Победа со 4:1 ја совлада Локомотива во Градско, во 6. коло од Втората фудбалска лига – Исток. Не беше толку лесно колку што кажува резултатот, бидејќи домашните поведоа уште во 4. минута со голот на Џемал Ибрахимовиќ за радост на домашната публика. Сепак, натаму само прилепчаните даваа голови.

Израмни Бојан Спиркоски во 11. минута, а Победа дојде во водство преку Андреј Петкоски во 45. за задоволство кај навивачите од Прилеп . Домашните се бореа за изненадување се до 86. минута кога Петар Најдов зголеми на 3:1, а конечните 4:1 од пенал ги постави Дарко Анѓелески.

РЕЗУЛТАТИ од 6. коло: Братство – Кожуф 0:1, Саса – Кит-Го 2:0, Слога – Беласица 1:1, Осогово – Детонит 2:1.

ТАБЕЛА: Саса 16, Победа и Слога 13, Беласица 11, Кит-Го 9, Кожуф и Осогово 7, Локомотива и Детонит 4, Братство 1.

ИДНО 7. КОЛО (16 октомври): Победа – Братство, Детонит – Локомотива, Беласица – Осогово, Кит-Го – Слога, Кожуф – Саса.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: