ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО) Полицијата фатила четворица дрвокрадци со украдени 17м3 огревно дрво

Акциска контрола на СВР Битола

491
 Во текот на вчерашниот ден (20.09.2022),  полициските службеници на СВР Битола спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и лишени од слобода биле четири лица.
Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава” без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу 4 м3 огревно дрво без  документација.  Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево.
Во атарот на с.Крапа, општина Македонски Брод, на место викано „Барбарас“, од слобода биле лишени В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од с.Ропотово, прилепско и М.Р.(23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва.  Од нив биле одземени моторна пила и околу 4 м3 исечено огревно дрво без документација.

Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на с.Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со 5 м3 бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени 4 м3  огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе