ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Полициска храника: Мотоциклист тешко повреден, пронајдена дрога кај затвореник …

351

На 11.05.2022 во 21.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Мице Козар“ и ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(37) од Прилеп и мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.Џ.(46) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 11.05.2022, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Љ.Ј.(51) од с.Секирци, општина Долнени, затоа што со ловечка пушка му се заканил на неговиот 62-годишен брат, по што испукал во воздух. Оружјето било пронајдено и одземено, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 11.05.2022 во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека во просторијата во која бил сместен Е.Ј.(33) од Република Албанија биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.05.2022, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Ф.К.(23) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: