ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Полуостровот Истра -убавина што плени на секој чекор

Патуваме – откриваме со ТА Бран

1.432

Да се појде во Истра… Не  е важно кога, во кој месец, затоа што секогаш има што да се види. Да се почувствува мирисот на морето, да се стапне на црвената земја, да се напиеш Малвазија или Теран, да вкусиш производи од тартуфи, риби, школки… Да се дружиш со Истрјаните! Не е важно кога ќе ја донесеш одлуката за посета на Истра, затоа што  изборот ќе биде одличен.

Нашата одлука, заедно со ТА Бран, беше посета на Истра, хрватски и словенечки дел, за време на Новогодишните празници. И не згрешивме.Влеговме во убаво уреден автобус,за долги релации, со надеж дека заминуваме на уште едно убаво доживување. Патот не водеше преку Србија, Хрватска. Минавуваме километри, и преднас тоа утрото се појави истарскиот град Опатија,  град со околу 12 илјади жители,сместен под планината Учка, извонредно место за одмор – водечки туристички град, кое не е само туристичка дестинација , туку место каде се одржуваат бројни семинари, конференции,  град со бројни културни и спортски настани, богат ноќен живот.

    Зошто би  ја посетиле Опатија?!

 

Опатија ќе Ве плени со убавата природа, парковите, старите австроунгарски вили, шеталиштето и плажите кои ги привлекуваат илјадници туристи секоја година. А, таму ќе Ве пречека убаво сонце. Топлина, милина и прекрасното сино море.

Застанавме на паркингот и правец на прошетка преку опатиската ривиера. Не освои на прв поглед. Прошетавме по Лунго Маре, поминавме покрај  Кварнер, првиот модерен хотел на Јадранот,  црквата Св. Јаков, вилата Анџолина,  неизбежно се фотографиравме покрај Девојката со галебот, дело во морето на скулпторот Звонко Цар, поставена уште во 1956 година, и пред нас се појави летниот театар… Се задржавме покрај патеката на Ѕвездите на славните, на која се испишани имињата на познати хрватски писатели, спортисти, музичари…Но,времето толку бргу мина и посета на Опатија остана како спомен на еден убав прекрасен ден.

 Град Хум- најмалиот град во Светот

Нашето патување продолжи кон најмалиот град Хум.Верувале или не, Хум има околу 20 жители. Да, добро прочитавете!Тоа е можеби најмалиот град во светот. Обиколен со ѕидини, а внатре автентични стари куќи вградени во одбранбените бедеми.Изградени од камен ја доловуваат старата истарска архитектура. Во центарот од градот се наоѓа црквата Св. Јероним, во која се зачувани натписи на глаголица. Тесните улички со клдерма во кои има мали продавнички ги мамат туристите.Но,она што е карактеристичное се љубезните домаќини. Неизбежно те честат со ликер, вино, производи од тартуфи…. Вкусни, убави хумски производи. Бидејќи е мало место не ти треба многу време за прошетка. Време и за малку одмор на терасата од конобата.

Пула – град на виното, риболовот, бродоградбата и туризмот

    Патувањето со ТА Бран ни продолжува кон Пула, најголемиот град во Истра, кој се наоѓа на јужниот дел од полустровот, со околу 60 илјади жители. Место познато по благата клима, мирното море и убавата природа.   Град кој има долга традиција за производство на вино, риболов, бродоградилиште и туризам. Пула, исто така, е административен центар на Истра уште од времето на Стар Рим.

Природата плени, а уште повеќе тиркизното море. На пулската Арена,  не дочека локалниот водич Синиша, кој ни ја раскажа нејзината историја. Арената, шеста по големина во светот, започнала да се гради во време на владеењето на царот Август, доградена во време на Клаудиј, додека конечниот облик го добила за време на царот Веспазијан. Еден од најдобро сочуваните амфитеатри од антиката до денес, која се користи за одржување на летни фестивали и други културни настани. (И,неизбежно фотографирање пред неа.)

Другите две добро сочувани градби од римскиот период се храмот на Ром и Август и триумфалната порта именувана Славолук на Сергеевците. Двојната врата исто така е дел од посетата. Од раскажувањето на водичот дознаваме за двата римски театри, за византиската базилика Св. Марија Формоса, за катедралата Вознесение на Блажена Дева Марија, за ѕвездиликиот Каштел, за пулските фортификации. Плени стариот дел од градот со тесни улички на кои се изградени средновековните и ренесанси згради, поплочени со антички римски плочи. Полека прошетката привршува.

Малку  слободно време за уживање низ тезгите украсени новогодишно, и потоа се упатуваме во хотелот Пула, сместен во преубавиот шумски предел, на само стотина метри од морето. Полека измина првиот ден од посетата на Истра. Вечера и одмор. Да се средат впечатоците.

   Умаг го красат барокни ренесансни градби

Утрото осамна сончево. Не чека долг ден. Посета на неколку градови. Тргнавме со ТА Бран. Патот не води кон најзападниот дел  на Истра, кон приморскиот Умаг. Од водичот Тамара дознаваме дека Умаг е мал град со околу 13 илјади жители, со тесни улички, венецијански куќи, но и барокни ренесансни градби. Град каде се одржува традиционалниот трунир во тенис. Неизбежно во центарот, на плоштадот црквата Св. Рока и Музејот на Умаг. Прошетавме низ старите улички, покрај морето и седнавме да го пиеме утринското кафе и чај.

Новиград со Триимената црква „Св. Марија, Св. Максим и Св. Пелагија“ заштитничка на градот

Следната дестинација Новиград, мало рибарско, но и туристичко место во Истра, богато со историја. Триимената црква Св. Марија, Св. Максим и Св. Пелагија заштитничка на градот, добросочуваните тврдини, светилникот.. Особено пленат тесните улички и интересните куќи со готски прозорци во стариот дел од градот.

  Нов предизвик – Пореч

На прв поглед се забележува дека е стар град, добро сочуван. Тамара, Комплексот Еуфразиева базилика од 5 век е под заштита на Унеско. Старите улички пленат со зачуваните оригинални форми, исто како и готските и венецијанските палати. Прошетката завршува на плоштадот Марафор, каде вечерта беше организиран дочека на Нова година со настапот на Здравко Чолиќ. Пореч, со ѕидините, тесните улички помалку потсетува на Дубровник. Неизбежно се купуваат сувенири, ама и убаво црвено вино „Теран“ традиционално за овој дел од Истра

Попатна посета на малото место Врсар. Пред да стигнеме во Ровињ застануваме да го видиме Лимскиот канал, најубавото природно богатство на Истра, долг 35 километри и заштитено подрачје.

Ровињ бисерот на Истра

На крајот од  вториот ден од нашата прошетката по хрватскиот дел од Истра стигнавме во Ровињ. Сонцето полека заоѓаше и пред нас беше убава глетка, која не можев а да не ја овековечам. Ровињ е едно од најпосетените места во Истра. Пријатно време создадено за прошетка. Додека одиме кон симболот на градот црквата Св. Еуфемија, ја дознаваме неговата историја. Оттука, од црквата се пружа фантастичен поглед кон морето. Време за посета на црквата, за поклон пред мермениот саркофаг на света Еуфемија, за да продолжиме кон стариот дел од  градот. Можеме да замислиме како гостите и туристите уживаат додека престојуваат во Ровињ, кој во летниот период нуди интересни фестивали, меѓу кои и традиционалната Ровињска ноќ, но и вкусна храна. Никој не останува рамнодушен од убавата природа, импозантната архитектура, специфичната градска култура и стариот град кој е споменик на културата заради што Ровињ се одделува од другите истарски градови. Времето за посета на овој бисер на Истра заврши. Се враќаме назад кон Пула, да минеме уште една ноќ, за да следниот ден го посетиме словенечкиот дел од полустровот.

Порторож – словенечка Истра

Температурите ретко тука паѓаат под 10 степени целзиусови .Времето е прекрасно! Патуваме околу еден час. Ја поминуваме најпрво хрватската па потоа словенечката граница. Стигнуваме до Порторож, моденското словенечко летувалиште, со многу хотели, ресторани, кафулиња, дискотеки, казина…Прошетка покрај морето и вдишување на морскиот воздух.

  Пиран со венецијанскиот  архитектура

Следен Пиран, еден од најубавите градови на јадранскиот брег на Словенија, популарно одморалиште. Ме освои на прв поглед. Би сакала да живеам таму. Град со тесни улички, а од црквата Св. Ѓорѓи фантастичен поглед. Срцето на градот е плоштадот Тартини именуван по познатиот пирански композитор. Пиран е еден од најубавите градови.  Доминира венецијанскиот стил на архитектура, а плени и морскиот брег покрај кој се лоцирани бројните ресторани од кои  се полнат ноздрите со убава миризба од вкусна храна. Не престанувам да фотографирам што е знак дека бев многу воодушевена од  убавиот словенечки град.

  Островска Изола до Копер

Попатно посета на Изола, мало место изградено на остров, каде вкусивме убави вафли и пиевме греено вино, за на крај од нашето патување да стигнеме во Копер, најголемото пристаниште. Тука и ја почувствувавме најголемата раздвиженост за време на новогодишните празници. Бројните туристи се шетаа покрај морето, се слушаа многу различни јазици, а најмногу италијанскиот. Како главна словенечка порта Копер најпрво бил остров, кој подоцна прераснал во град. Има што да се види – Титовиот плоштад, Праеторската палата, катедралата, кулата…Градските власти се погрижиле убаво да го украсат и да пренесат приказна дека Копер не е убав за посета само во лето туку и за новогодишните пранзици. Време за вкусување на локалните специјалитети, за вечерна прошетка покрај морето..

И така  нашето патување по Истра со Бран Турс заврши. Се враќаме назад, дома, до некоја следна дестинација. А дотогаш ќе раскажуваме за убавиот престој во Истра.

Каролина Мицевска

Текст и фото

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: