ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во рамноправна игра Победа поразена во Струга

376

Во Струга се одигра пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу прволигашите Струга и прилепска Победа. Во, речиси, рамноправна игра, домашните победија со 2:0. Победата се должи на двете искористени шанси, едната во почетниот дел од првото полувреме втората во самиот финиш на мечот. При постигнувањето на вториот гол, прилепскиот тим имаше играч помалку на теренот, по исклучувањето што се случи десетина минути пред тоа. И покрај поразот, може да се каже дека Победа остави солиден впечаток против шестопласираната екипа од минатото прволигашко првенство. Недостига реализација. Дуелот привлече бројна публика на малата трибина од стадионот во Струга.

Победа во првото полувреме настапи со. Тофилоски, Стомнароски, Делов, Паноски, Рамани, Бошески, М. Наумоски, Амир, Б. Спиркоски, Мазари и Петејчук. Во второто полувреме имаше повеќе измени со Котевски, Јованоски, Јосифоски…. Во екипата на Победа одиграа и тројца Африканци, кои се на проба.

Летово ова беше трет пријателски меч на Победа. Следниот е в среда, со албанската Егнатија, во Прилеп.

Извор:www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: