ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Потона” бродот на европскиот првак – Фалангата заслужено се радува а фудбалерите ќе уживаат во новата светска сензација (ВИДЕО + ФОТО)

Италија - Македонија 0:1

304

И тоа се случи , по италјански тертип зачинет со македонска бомба од нозете на Александар Трајкоски во судиското продолжение.Потона бродот на Манчини а фудбалската приказна на македонските фудбалери сега се претвора во бајковито финале на мегдан во Порто против Португалија.Катанаџото на Милески успеа да приреди фантастична сензација која допрва ќе одекне низ фудбалскиот свет.Помеѓу илјадната навивачка армија се и Марковите Внуци кои заедно со останатите знаат како да го прослават триумфот во Палермо а допрва сигурно радоста ќе биде уште поголема.

https://www.youtube.com/watch?v=ylLiP4c1Huk&ab_channel=TudTV

Италија со преку триесет шутеви на голот и околу голот не успеа да стигне до целта, но секако за тоа е заслужна такѕичката поставеност на селекторот Милески и борбеноста на сите до еден кои истрчаа во Палермо.Едно триумфално “катанаџо” со многу поискусен состав за едно европско првенство и сега веќе селекција од која најмногу ќе се “плашат” другарите на Роналдо кои вечерва среќно триумфираа против Турција.За атмосферата на Ренцо Барбери нема многу да зборуваме но затоа ќе погледнеме од аголот на Маркови Внуци.

Ова е една долга ноќ за фудбалереите , за нацијата , за спортот кој обединува и е вистински амбасадор , за сите нас за оваа наша мала Македонија!Со срце за неа и на терен и пред екраните!Ова е историја која се пишува сега , тука и овде !!!!

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: