ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ППК Младост 96 љубоморно го чува лидерското место

629

На пинг-понгарскиот календар на програмата беа натпреварите од 13 и 14 коло од супер лигата. Прилепската екипа на Младост 96 го чува лидерското место и со две сигурни победи ја задржа предноста од две победи повеќе од градскиот ривал Младост. Сигурни победи против Телеком Нец со 4-1 и учесникот во плеј офф , Шампиони ФА со резултат 4-0. Како сигурен патник во плеј офот се наметнува екипата на Телеком НЕЦ 2 , екипа која заедно со Младост 96 има сто процентен учинок во пролетниот дел .Во првиот натпревар две победи извојува Станојковски , а по една победа имаа Костовски и Костадиновиќ. Поенот го изгуби Рикалоски а во тимот недостасуваше Лашкоски. Во вториот натпревар кој беше дерби на колото , убедлива победа против конкурентот во плеј оффот Шампиони ФА. Со тоа ППК Младост96 во плеј оффот со два конкуренти со кои би можеле да игра, ќе има предност на стартот од 1-0.

Наредниот викенд кој е претпоследен од регуларниот дел, ППК Младост96 ќе игра со Работнички и Телеком Нец 2. Инаку младинските екипи на Младост96 наредната недела ќе го играат мастерсот до 18 години.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: