ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Претреси во затворот во Прилеп: кај осудените лица пронајдени ножеви и други забранети предмети

306
Министерството за внатрешни работи информира  дека денеска биле направени претреси во Казнено поправниот дом во Прилеп, при што кај осудените лица биле пронајдени ножеви и други забранети предмети. Соопштението го објавуваме во целост:
Денеска (21.07.2022) полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп. Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање на предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе