ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Миле Талевски повторно ја доби довербата на членството

1.083

Миле Талевски е староновоиот избран претседател на ОО на СДСМ – Прилеп, на конкурс, кој го објави партијата на почетокот на јуни , за избор на нови раководства во 78 општинки органзицаии, зашто кон крајот на мај,  претседателот на СДСМ ,   Зоран Заев  донесе  одлука за разрешување на сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ. И, покрај тоа што ги разреши, Заев апелираше, претседателите на општинските организации (особено во кои СДСМ победи на изборите) повторно да се кандидираат на конкурсот.

Миле Талевски, стариот претседаел на ОО на СДСМ, повторно ја доби довербата од членството. Како ново избран претседател на ОО на СДСМ-Прилеп  ,тој им се зблагодари на своите сопратијци за реизборот и довербата, и на својтот фејбук профил ( кои не го земаме како факт бидејќи информацијата е објавента на  социјалната мрежа ,фејсбук , а како редакција се надевем дека е вистинита) , напиша:

 Почитувани сограѓани,  

Да се биде на чело на Општинската организација на СДСМ во Прилеп, е голема чест, но и уште поголем предизвик и одговорност. За одговорноста да се биде прв помеѓу еднаквите социјалдемократи во Прилеп, бев целосно свесен кога пред околу година и половина ја добив довербата од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а сега кога повторно ја добивам сум уште повеќе свесен, но и помотивиран и со уште поголема енергија за исполнување на дадениот збор пред сите граѓани на Прилеп. Збор за поуспешен град, подобар живот и напредок на сите во нашата општина.

Пораката која вие граѓаните на херојски Прилеп, ја испративте на последните избори, е примена. Лекцијата е научена. Ви давам збор дека продолжуваме со нова енергија, нов концепт во кој на прво место е интересот на граѓанинот и компромис околу тоа нема да има.

Продолжуваме заедно напред, со искуствата од минатото, со новата и млада енергија, со уште повеќе работа, чесно и искрено, сите заедно сплотени под знамето на СДСМ и политиките за заедничка европска иднина во нашиот Прилеп.“- Миле  Талевски , преземно од неговиот фејсбук профил.

Покрај Талевски од Прилеп, Заев назначи нови 40 претседатели на ОО на СДСМ. Од Пелгонискиот регион: во Кривогаштани како новоизбран претседател на ОО на СДСМ – Кривогаштани е Антонио Симоноски  , Никола Поповски е избран на ОО на СДСМ – Демир Хисар, Иван Стојоски на ОО на СДСМ –   Новаци, а Златко Ќурчиевски е новоизбраниот претседател на  ОО на СДСМ – Битола и од Могила,  Симе Шурбевски на ОО на СДСМ – Могила.

Во наредните неколку дена ќе бидат именувани и претседателите на уште неколку општински организации на СДСМ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: