ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп гордо и достоинствено го одбележа Денот на независноста

414

Со полагање свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ,  Методија Андонов-Ченто и на Могилата на непобедените, Прилеп  го одбележа Денот на независноста на Република Македонија, 8 ми Септември.

Честитајќи им го на граѓаните најсветлиот датум од современата историја на Македонија 8-ми Септември, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески ја истакна важноста на меѓусебното почитување и заедничкиот пристап за зачувување на интегритетот и независноста на државата создадена пред 31 година како суверена, самостојна, независна и демократска држава:

„Со намера да бидеме свои на своето на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината! Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува! Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на независноста”, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Покрај делегацијата предводена од градоначалникот на општина Прилеп, цвеќе положија претставници на Сојузот на борци и преставници на политички партии.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: