ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп исчистен од снегот, проодни сите печашки зони

552

„Од рано утрово комуналците се на терен и се чистат сите пешачки патеки низ централното градско јадро, но и сите тротоари низ градов“ – извести ЈКП Комуналец , по обајвениот текст на радио Пела ,утрово, за состојбата со пешачките зони и тротоарите во утринските часови.

ЈКП „Комуналец“ во дописот до медиумите истакна : „Некои од медиумите објавија дека градот не е прооден за пешаци. Со ова ги информираме, а информацијата е доставена и до сите локани медиуми, дека Комуналец од рано утрово создаде услови за движење согласно Планот за работа во зимски услови, кој предвидува приоритети, според степенот и ризикот од подмрзнување, процент на проток на луѓе и стоки и други параметри„ –  информираат од ЈКП „Комуналец“- Прилеп , испрајќајки ни и фотографии

Тие информираа дека најнапред, според Програмата за работа во зимски услови се исчистија сите сливни подрачја од атмосферската канализација за да не дојде до нивно замрзнување и водата од топењето на снегот да истекуваат непречено. Потоа се исчистија сите приоди на пешачките премини, каде има најголем проток на луѓе, но и мостовите каде движењето е најотежнато заради брзото мрзнење на снегот.

По ова комуналците пристапија кон чистење на сите патеки низ центарот на гладот и тротоарскиот дел по главните сообраќајници. Се исчистија и патеките низ сите паркови, а најголемо внимание секако е посветено и на чистење на Паркот на револуцијата, каде во попладневните часови се очекува и поголема посетеност на младата популација.

Снегот се чистеше и од украсните зимзелени растенија и грмушките заради неговата влажност кој може да биде причина за нивно кршење.

Секторот за подигање и транспортирање на отпад пак, непречено беше на терен и сиот отпад од контејнерите поставени по јавно прометните површини и куќниот отпад беа подигнати.

Според информациите од терен од силниот ветер и невремето кое го зафати градов во ноќните часови, нема оштетувања на дрвјата и комуналната инфраструктура.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: