CSS Template

Прилеп на точак – да се ограничи возењето камиони низ градот, да се зголеми површината на велосипедските патеки

360

Главен принцип кој е познат низ прилепските улици е принципот на „посилниот добива се“. Притоа најранлива група на коловозот се велосипедистите, велат од ПрилепНаТочак, кои денеска  ја иницираа 42-та велосипедска Критична маса.
Од иницијативата потенцираат дека камионите и автобусите доминираат на градските улици и целосно ги истуркаа и набркаа велосипедистите од коловозот.

„Ова е преопасна ситуација за возење. Ова не само што ја влоши и онака лошата безбедност во сообраќајот, туку и влијае на влошување на проблемот со искористувањето на јавниот простор и загадување во Прилеп. Исто така во отсуство на елементарно регулирање на товарниот сообраќај во градов имаме многу ситуации и во самото централно градско јадро каде не само што колите застануваат ‘на 5 минути’, туку камионите вршат товар-претовар ‘на 5 мин’ и целосно ја влошуваат безбедноста на ранливите групи во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мајки со деца со колички, лица со физичка попреченост, и сл.) и го блокираат сообраќајот“, соопштува ПрилепНаТочак.
Иницијативата апелира до носителите на одлуки во Прилеп да преземаат стимулирачки мерки за активен животен стил во насока на поттикнување на пешачењето, вело-културата, односно проширување на пешачки зони, одделени вело патеки, нови зелени површини, паркови со содржини итн.
„Да преземат и ограничувачки мерки со серија на мерки (ограничување на пристап во центарот, регулирање на товар претовар од товарните возила и друго) кон доминантниот патен превоз низ градските улици“, стои во најавата за настанот.
Иницијативата потсетува дека Критична маса е колективно возење точак, а не политички собир или протест. Велосипедистите не пренесуваат никакви политички пораки, освен пораките за каков начин на транспорт бараат, кој, велат тие, сам по себе е политички акт.
„Второ, како учесници во Критична маса ги почитуваме сообраќајните правила исто така обрнуваме внимание на безбедноста на сите учесници. Некој од учесниците ќе ги обезбедуваат раскрсниците се додека групата не помини. Трето, пријатно и со почит се однесуваме кон другите, по ранливи учесници во сообраќајот. Учествуваме во сообраќајот и не нарушуваме мир и тишина освен нашето само присуство по улиците исто како и сите останати учесници“, велат од ПрилепНаТочак.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Penata
Kreas