ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп одбележува 77 години од Денот на конечното ослободување на градот

1.131

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, Споменик кај месноста Песјобрдце, претставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здруженија,  градот – првоборец, Прилеп, денеска се одбележуваат  77 години од Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор – 3-ти Ноември.

„Тука на ова свето место на Могилата на непобедените, каде почиваат останките на борците од Втората светска војна, борците кои ги дадоа своите животи за слободна, самостојна Македонија, кои се изборија за слободен град на овој ден, кога го славиме Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор, се поклонивме, им оддадовме почит за нивното херојство, нивната жртва што ја додоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето.

Ветуваме дека како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив да не биде заборавена, но и да го вратиме сјајот на Паркот на револуцијата, изграден во нивна чест, како и на сите споменици на историјата, но и да им оставиме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој голем ден, зашто е чест на сите кои ги положија животите за слободата на Прилеп,“ рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

По повод празникот,  традиционално, вечерва на свечена седница на Советот на Општина Прилеп, во големата сала на општината, со почеток во 19:00 ќе бидат доделени  Третоноемвриските награди. Свечената седница ќе се одржи со редуциран број на присутни заради запазување на протоколите за заштита од Ковид 19.

Денот на конечното ослободување на Прилеп – трети ноември 1944 г.

 Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија. Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: