ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп подготвен за седмиот Меѓународен џез фестивал

581

Меѓународниот џез фестивал од четврток 30 август, до сабота 1 септември, ќе се одржи на летната сцена во центарот за култура „Марко Цепенков“.

Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански џез и македонски џез. Според очекувањата оваа програма ќе ја дигне на нозе публиката.

На отворањето на прилепскиот џез фестивал, во четврток 30 август, на камерната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе настапи „Кеко Форнарели Трио“ од Италија, а првата фестивалска вечер ќе продолжи на летната сцена од центарот за култура, со настапот на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар, Владимир Четкар.

Во петок 31 август, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов.

Последниот фестивалски ден е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Истовремено, фестивалот ја задржува традицијата да нуди и “оф“ програма, која ќе се одржи денеска, вторник 28 август, среда 29 август и во недела. 2 септември, во кафетериите „Сидро“, „Џез клуб Тејк фајв“ и во „Резиденс“ во село Плетвар. Во тие рамки, љубителите на џезот ќе можат да ги проследат настапите на Дамир Имери Квартет“, „Флинстоунс Џез Трио“ и „Летечки Пекинезери“.

Градоначалникот Илија Јованоски ги покани љубителите на џез музиката да ги проследат настапите на познатите имиња од домашната и странска џез сцена.

„ Оваа година имаме европски и македонски џез музичари, како и уметници од Германија, Франција, Италија, Србија, Грција, Кина и секако македонските џез уметници. Како и секоја година, фестивалот ќе се одржи на летната сцена од центарот за култура ‘Марко Цепенков’. Во оваа прилика сакам да ги поканам сите граѓани на Прилеп и Република Македонија, како и сите љубители на џез музиката, да го проследат фестивалот и да уживаат во прекрасната музика“, изјави градоначалникот Јованоски.

Меѓународниот џез фестивал во Прилеп за прв пат се одржа во 2012 година и оттогаш, со својот квалитет го задржува вниманието на љубителите на џезот од поширокиот регион.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: