ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕП РЕМИЗИРАШЕ СО КАНДИДАТОТ ЗА ТИТУЛАТА, ГАМБИТ

1.048
 Екипата на ШК Прилеп успеа да избори реми (3:3) со фаворитот, скопски Гамбит, во последното, 7 коло, на Екипното шаховско првенство на Македонија, во Струга. Со овој резултат Гамбит, кандидат за титулата, е спречен да биде и второпласиран, бидејќи за тоа му беше потребна победа и 2 бода, за вкупно 12. Поединечно, за прилепскиот тим победа постигна ВМ Бобан Богосављевиќ, а ремизираа ВМ Мирослав Миљковиќ, Горан Готовуша, Кире Николоски и Дејан Ѓорѓиески. Така, ШК Прилеп е на 4 место со 8 бода, освоени преку победите над Карпош (5,5:0,5), Центар (5:1), Анпасан (4:2), нерешените со Куманово (3:3) и со Гамбит (3:3), додека порази се доживеани од Гостивар (2:4) и од Алкалоид (1:5). Шампионската титула ја одбрани скопски Алкалоид (во чии редови е прилепчанецот ВМ Звонко Станојоски) со собрани 13 бода.
Табела: Алкалоид 13, Гостивар 11, Гамбит 11, Прилеп 8, Куманово 7, Анпасан 4, Центар 1, Карпош 1.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: