CSS Template

Прилеп во магла од прашина на првиот есенски ден

391

Попладнево, Прилеп беше зафатен од вистинска бура која носеше прашина и го обви во магла целиот град. Недоумица беше дали станува збор за пожар, но силниот ветер кој ја креваше прашината од улиците ни ја расчисти дилемата.
Како што беше најавено, на првиот есенски ден,максималната дневна температура достигна до 30 степени, но попладедново настапи осетно заладување кое беше проследено со силен ветер од северен правец кој во Прилеп достигна брзина од 70 км на час.

Според прогнозата и утре се очекува слично време на денешното – сончево но ветровито и значително постудено со максимална температура од само 17 степени целзиусови.


semm
Vivafarm
Penata
Farma Dolneni