CSS Template

Прилепчанец е новиот претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија

288

Дарко Неданоски,  од Спелеолошкииот клуб „Златоврв“ – Прилеп е новиот Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија.  Тој со неговто искуство најавува новини во Федерацијата. Тврди дека планира да ги обнови спелеолошки клубови во Македонија, да формира  спасителни служби во повеќе региони, но исто така да се отворат и тренинг кампови, нови експедиции и надоградување на знаење со искуствата на други клубови и федерации од странство. „ Еден од поголемите приоритети ќе биде членството во Европската комисија за спасување“, истакна Неданоски.

А,неговите пријатели напишаа:

Со задоволство Ве информираме дека нашиот член 👉Darko Nedanoski е новиот Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија.
Нов почеток за СФМ по подолга стагнација.
Со среќа Даре, сигурни сме дека следува возбудлив период пред нас!
😊🦇🥳💪  – напишаа на facebook  страната од Спелеолошки клуб Златоврв -Прилеп

 

 

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm