ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани се повозија со првиот електричен автобус

593

Граѓаните на Прилеп денеска се возеa во електричниот автобус, како редовна градска линија во јавниот градски превоз.  Автубсот, кој беше демо тура на компанијата Аутомакедонија,  нуди  одлично перфоманси: еколошки,  безбедност и  удобност, нула емисии на штетни гасови, ниски нивоа на бучава и ниски оперативни трошоци.  Автобусот е одлична можност за размислување за применливоста на електричен јавен транспорт во Прилеп во иднина.

„Живееме во ера кога имамe реална опасност од загадувањe и климатски промени. Паралелно со тоа се менуваат и социо-економските услови во урбаните средини, што создава потреба да размислуваме за намалување на опасностите од загадувањето на животната средина и намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови. Во таа насока секогаш можеме подобро!„- истакан градоначалникот на Прилеп со надеж дека овие автобуси во иднина ќе  се возат низ прилепските улици во јавниот градски превоз.

Електричниот автобус е долг 8 метри, со капацитет за 50 патници, функцијата за регенеративно кочење кое ја зголемува ефикасноста во потрошувачката на електричната енергија и придонесува за поголем досег. Капацитетот на батеријата варира од 142kWh и досег до 180 километри, до 268kWh со досег до 350 километри. Полнењето е едноставно и доколку се користи DC турбо полнач со моќност од 150kW трае само 2 часа или на стандарден AC полнач со јачина од 22kW, батеријата се полни за приближно 8.5 часа, посочија од Аутомакедонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: