ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска Победа со историски одлуки – Јакимоска на чело на клубот

597

ФК Победа доби нов претседател. Тоа е Ирена Јакимоска – косопственик на „Комфи Ангел“ која денеска е назначена за в.д претседател на клубот. Јакимоска доаѓа на чело на прилепска Победа по оставката на Гоце Ингилизов. Ова е за прв пат не само во историјата на прилепските фудбалски клубови, туку и воопшто во Македонија жена да предводи фудбалски клуб во било која лига.
Имено, вечерва во клубските простории спонзорите, односно бордот на директори на екипата донеле одлука за прифаќање на оставката на досегашниот претседател, а на негово место е назначено Ирена Јакимоска како привремено решение.
Според најавата од клубот, повеќе информации за актуелната состојба и новите решенија се очекуваат утре на прес конференцијата закажана во 18 часот во просториите на ФК Победа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: