ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските музичари бараат да работат или ќе го блокираат Плетвар

1.662

Над 50 музичари од Прилеп вечерва одржале состанок на кој што разговале за актуелната состојба со здравствената криза со пандемијата, во која, како што велат самите се обесправени и дискриминирани, не можејќи да ги остваруваат своите работни обврски. Тие бараат и апелираат до музичките здруженија каде членуваат час поскоро да се реши ситуацијата, а во спротивно најавуваат 24/7 протести со блокада на превојот Плетвар. Зад иницијативата стојат 54 музичари кои присуствувале на состанокот.

Ова е нивното соопштение кое го објавуваме во целост:

Почитувани,

На ден 16.03.2021 година музичарите од Прилеп самоиницијативно остварија работен состанок на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Ковид пандемијата. Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да  музицираме. Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафиќи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!! Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“. Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој  со својот  потпис ја поддржа оваа одлука!!!

Со почит,

Музичари од Прилеп

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе