ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските наставници во 98 % го подржаа штрајкот на СОНК за повисоки плати

740

Празни клупи и мирни протести на наставниците и професорите во просториите на основните и средните училишта – така е денска во Прилеп . Во прилепските основни и средни училишта, главно, не се работи  во 98% и се поддржуваат барањата на СОНК за усогласување на платите на вработените,велат синдикалците.

Според Златко Думбалоски, претседател на СОНК за Прилепскиот регион, само 20-тина наставници во основните и во средните училишта одржуваат настава.

“Во 98% од вработените во образовните и средните училиша во Пелгонсикиот регон кои ги опфаќа прилепскиот,  долненскиот, кривогаштанскиот и крушевскиот регион  го поддржуваат штрајкот на СОНК, односно  2.870 наши членови во Регионот. Има по некој наставник ,што одржува настава, но со мал број ученици. Во овој контекст морам да нагласам дека и родителите нѐ поддржуваат и најголем дел од нив не ги донесоа децата во училиштата„ –  изјави за Радио Пела, Златко Думбалоски, престаникот на СОНК  за Прилеп.

Што се однеува до високото образование и професорите, Думбалоски информира  дека дел од нив не се вклучени во штрајкот, бидјеќи не се членови на  синдикалната организација.  А, пак, од информациите на директорот  на Ученичкиот дом во Прилеп, беше потврдено дека домот работи и дека учениците и студентите кои ги користат услугите на домот се згрижени. Иако, слогант на генералниот штрајк е  “со ука, наука и култура заедно сме во секоја бура„  од високото образование е дека засега НАкС нема донесено одлука за шрајк во високото образование , а од ЦК „Марко Цепенков„ диркторката ни потврди дека културните работници денеска редовн си ги обавуваат своите работни активности.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: