ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските советници дадоа согласност за зголемување на бројот на деца во група во градинките „Наша иднина“

761

Се зголемува бројот на децата во групите  од 3 до 6 години во прилепските детски градинки, од 20 на 25 деца., додека бројот на деца од 0 до 3 години останува ист. Предлог одлуката за зголемување на бројот на деца во воспитните групи  се разгледуваше на денешната  61 седница на Советот на општина Прилеп , каде советниците од опозицијата побараа одговор од директорот на  градинки да образложи: дали прилепските градинки заради здравствената состојба и малиот капацитет, можат да го зголемат бројот на деца во една група односно паралелка. Директорот образложи дека оваа одлука е на Министерството за труд и социјална политика и дека важи за целата територија на државата. Неодамна, Координативниот кризен штаб на Владата го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки во детските градинки. Една од мерките се однесува и на наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки каде согласно новите препораки се дозволува зголемување на бројот на деца од 20 на 25 во една група.

Советниците, со 14 гласови „за“ и 11 воздржани ја  дадоа согласноста за зголемување на бројот на деца во една паралелка во детските градини. Но, советниците од опозицијата не заборавија да потсетат дека Прилеп сеуште ја нема изградено ветената детска градинка во Точила, „и ако тоа беше реализирано ќе немаше потреба да се зголемува бројот на деца во групите“, рекоа тие од говорницата на Советот на Општина Прилеп.

Инаку, во детските градинки во Прилеп се сместени 670 деца. Од здравствен безбеносен аспект две негователки  се  позитивен случај на КОВИД 19 , додека кај децата нема случај на Ковид 19.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: