ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пристигна и вториот пехар во Прилеп

524

Шампионскиот пехар од страна на претставникот на ФФМ, Ајетали Дервиши е предаден во ФК Победа, првак во Младинската фудбалска супер лига. Овој чин го поздравија близу 500 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред почетокот на првенствениот натпревар од 25. коло, Победа – Њу старс Скопје. Успехот на младите прилепски фудбалери им го честита и градоначалникот Борче Јовчески.

Еуфоричната атмосфера си го направи своето, во славеничка атмосфера и нов амбиент домашните фудбалери покажаа само дел од она што го можат. Тоа го искористи одличниот гостински тим, Њу старс, кој успеа да поведе со 1:0 во 8. минута преку Матео Софијаноски. Во првиот дел гостите се заканија уште неколкупати, а и домашните не искористија серија шанси. Сепак, во 32. минута Виктор Јорданоски со волеј успеа да израмни на 1:1. Во второто полувреме доминација на домашните, но и гостите неколкупати опасни преку контри. Победникот се реши во 60. минута со голот на Давид Иваноски за 2:1 во полза на Победа.

На табелата сега Победа е прва со 59 бода, пред Вардар со 52. Во последното коло, в недела, Победа е гостин на Македонија ЃП во Скопје.

Извор : www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: