ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Привршува 14 тата ликовна колонија „Дрен“

265

Традиционалната ликовна колонија Дрен чие што издание годинава се реализира во ЦК „Марко Цепенков“ привршува утревечер. На колонијата творат 20 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство. Делата создадени на годинашната колонија ќе бидат претставени на изложба на есен. Досега на оваа ликовна манифестација, во изминатите 13 години, се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

Своите инспирации на платно и во скулптура ги преточуваат Мирослав Живковиќ од Србија, Беди Ибрахим, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров,  Слободан Милошевски, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Филип Перески, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Бони Барутовска, Бојана А. Трпческа, Филип Јовески, Методи Исков, Славчо Павлески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Александар Џинго, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Марјан Стојаноски и Сарита Конеска.

Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: