ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пронајдено оружје, дрога, голема сума пари…

575

Денеска (07.09.2022) во 08.30 часот во с. Дебреште, прилепско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(41) од Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пет пушки и еден пиштол различен калибар и повеќе парчиња муниција од различен калибар, кои без дозвола ги поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2022 во 11.50 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Б.(37) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и дробилка со остатоци од марихуана. 

На 06.09.2022 во 22.30 часот на ул.Спиро Црне во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.К.(50) и Е.Р.(30), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2022 во 11.25 часот на ул.„Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(32) и Ф.П.(32), двајцата од Прилеп,  поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.П. и била пронајдена и одземена воздушна пушка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 06.09.2022 во 15.30 часот на ул.„Скопска“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.Д.(29) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 07.09.2022 во ОВР Прилеп, Д.Ш.(32) од Прилеп  пријавила дека на ул.„Александар Македонски  во Прилеп била физички нападната од И.Д.. Се работи на расчистување на случајот.

На 06.09.2022 околу 12.12 часот на патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано  „Суводолска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес. При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 06.09.2022 во Крушево, на место викано „Порта“, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Крушево затекнале патничко моторно возило „лада нива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Крушево, кое било натоварено со нежигосани зелени дабови огревни дрва. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција. По документирање на случајот против Д.М. ќе следува соодветна кривична пријава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: