СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Растат навредите и насилствата на социјалните мрежи

512

По скандалот со групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа , за сајбер насилството средношколците почна јавно да се говори, за опасноста која демне преку социјалните мрежи и начинот на заштита. Гимназијалците од „Мирче Ацев“ организираа трибина и одлучија да почнат за ова јавно да говорат.

Насилството и навредата не се ништо ново, но рапидниот раст на социјалните мрежи во последните неколку години и создадоа нов канал низ кој младите, лесно, со неколку тапкања по тастатурата, скриени позади некоја маска, да го спроведуваат.

Интернетот со себе донесе голем број на позитивни работи и претставува моќна алатка. Тој овозможи брза и лесна комуникација, размена на искуства и пристап до огромно количество на корисни информации. Но, како и секоја моќна алатка, така и оваа може да се злоупотреби. Колку пати сме прочитале коментари за тоа кој е најглуп, најгрд, лажливец, идиот….  Сѐ почести се и видеата со физичко насилство закачени на YouTube.

Токму ова беше и тема на гимназијалците од СОУ „Мирче Ацев“ Прилеп  кои организираа трибина со наслов „Социјалните мрежи општествено добро или општествено зло“

Кога ќе се појави нешто ново за жал радозналоста во принцип е многу голема, тоа ни се случува низ годините наназад, да го прифаќаме и да го гледаме само од добрата страна без да имаме во предвид што се може да ни се случи. За тоа што се негативно може да ни се случи размислуваме само од моментот кога ќе ни се случи. А, тоа е веќе многу доцна“,  истакна Мимоза Богданоска Јованоска, универзитетски професор по социјални мрежи на ФИКТ

Од Центарот за социјални работи- Прилеп  велат дека сепак најголемата улога во едукација на децата требаа да ја имаат родителите.

Да ја подобрат комуникацијата со децата, да им се доближат за децата да имаат поголема доверба во нив и едноставно да чувствуваат и да ги почитуваат како родители, но да разговараат со нив и да им се доверуваат како на другари-  додаде Гордана Вејланоска, педагог во Центар за социјална работа Прилеп.

На трибината стручни објаснувања и низ конкретни примери  зборуваа и Кирил Звездакоски, програмер, основач на КМСОФТ, Катерина Алавантија, инспектор при МВР, и Билјана Ефремоска, училиштен психолог .

На трибината се доенесе заклучок дека сајбер насилствот не треба да се игнорира ,напротив  треба да се работи на подигање на свеста кај сите за правилно користење на социјалните мрежи и интернетот.

 

статистиките од 2014-та година од NoBullying:

7 од 10 луѓе се цел на сајбер насилство;

37% од нив се честа мета на сајбер насилство;

20% се секојдневно изложени на сајбер насилство;

Сајбер насилството катастрофално влијаело врз самодовербата и социјалните животи на дури 70% од младите;

Најголем дел од сајбер насилството се случува на Facebook;

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе