ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Расте посетеноста на Фестивалот „Вен ин Крушево“

368

Повеќе од 4 000 посетители во Крушево овој викенд и 600 учесници на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo). Атрактивната програма во природа секоја година привлекува се’ повеќе учесници и гости. Во рамки на фестивалот се одржа и трка во трчање на 5 километри, а претседателот на Советот на општина Крушево Андреј Николоски во име на локалната самоуправа подели вредносни ваучери на најдобрите.

„Настанот расте од година во година и општината со право го поддржува. Минатата година и оваа даваме поддршка и на „Крушево ран“ (Krusevo Run) градска трка на 5 километри. Сакам да се заблагодарам на организаторите, а општина Крушево и Советот нема да застанат тука со поддршка за вакви настани. Ова се настани кои носат спортисти во Крушево, тие спортисти ги искусуваат најубавите делови од нашиот град и природата околу и привлекуваат туристи во највисокиот град на Балканот, “посочува претседателот на Советот Николоски .

Фестивалот „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo) започна на 24 јуни со забави на отворено,а заврши вчера 27 ми со дегустација на локална храна на крушевското езеро, а се одржаа планинарски и велосипедски три, вечерни концерти, кајак на Крушевско Езеро, игри за деца, параглајдинг за вљубените во спортот и рекреацијата во природа.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: