ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани организираат параглајдинг турнир во Охрид

470

Од денеска до недела Охрид ќе биде домаќин на Европскиот Куп во Параглајдинг – дициплина прецизно слетување. Настанот од највисок натпреварувачки ранг е организиран од страна на FlyOhrid и Воздухопловната Федерација на Македонија со поддршка на Општина Охрид. Спортската манифестација за прв пат се одржува во Охрид, а главни „виновници“ се наши прилепчани со долгогодишно искуство од овој спорт и во организаирање на големи број настани од алтернативните спортови.

Прилепчаните Мартин Јованоски и Кристијан  Темелкоски познати  имиња во параглајдинг спортските дисциплини се дел од настанот.Јовановски нагласи дека присуството на параглјдеристи, 15-тина од топ 20 параглајдеристи, носи големи бодови за Светската ранг-листа, која ќе помогне и за промоција на Охрид, но и на македонските натпреварувачи да освојат подобри поени. Од земјава, нагласи, тој ќе се натпреваруваат 10-тина параглајдеристи во прецизно слетување.

– Македонија има огромно искуство во организација на големи параглајдерски натпревари, но за жал тие досега не биле направени во Охрид и Галичица, иако сме имале фантастични услови во овој дел на Македонија. Се надевам дека овој прв Европски куп ќе биде увертира можеби во поголеми настани, како светски купови и првенства наредните години, истакнал Јовановски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков при промоција на спортската манифестација е уверен дека  натпреварувачите ќе имаат едно незаборавно искуство, кое долго ќе го паметат ,„а охридската локална самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка и поддршка на вакви настани кои можат да дадат значителен придонес во развојот на Охрид како интересна дестинација за алтернативен туризам, стои во изјавата на градоначалникот Пецаков.

Според програмата предвиден е еден ден за тренинг и три натпреварувачки денови, а летовите ќе се одвиваат од 9 часот наутро до 18  часот . Европски Куп во Параглајдинг носи поени за светскиот ранкинг листа при Светската Воздухопловна федерација ФАИ и е дел од Европската Лига како еден од 5 натпревари оваа година низ Европа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: