ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК Борец – РК Прилеп 37:30 (20:11)

580

Младите прилепски ракометари не успеаја да им се спротивстават на разиграните велешани во спортската сала Гемиџии во Велес во рамките на плеј-аутот од супер лигата. Победникот беше решен уште во првиот дел, кога момците на Васко Василев водеа со 20-11. На стартот на вториот дел нова серија од пет голови за 25-11. Шанса за игра добија играчите со помала минутажа, па прилепчани намалија на седум разлика во финишот за конечни 37-30.
Кај гостите единствен расположен за игра беше Шокоски, а имаше мала помош од Амсозки. Домашните, пак, ги имаа Николов и Јаневски кои одлично предводеа до првата победа во плеј-аут сезоната.

Сала: Гемиџии во Велес. Гледачи: 300. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.
БОРЕЦ: Димовски, Павловски 5, Јаневски 9, Јордановски, Постоловски 3, Кочов, Јанков, Смилев, Органџиев 3, Николов 10, Солец, Петровски, Минов, Лазаревски 3, Ристовски, Ристов 4.
Седмерци: 6/7, Исклучувања: 6 мин.
ПРИЛЕП: Ангелески, Ивчески, Амзоски 6, Нешкоски 4, Алексоски, Орданоски, Јанески, Сврпинов, Стојаноски 3, Галев, Шокоски 12, Симоноски 1, Крстески, Ѓероски, Тинтор 2, Тодески 2.
Седмерци: 3/7, Исклучувања: 8 мин.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: