ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК Прилеп ја загуби картата за фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија 

143

РК Прилеп денеска не успеа да ја искористи картата за фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија   Еурофарм Пелистер 2 ,  одигра одличен меч на паркетото во Прилеп и забележа убедлива поведа од +16 гола (22:38).  Со ова Битола на Ф4 ќе има две екипи, претходно се пласира е екипата на Еурофарм Пелистер, заедно со Вардар и Бутел.  Завршницата ќе се игра на 14 и 15 мај.

Екипата на Еурофарм уште во првото полувреме направи солидна разлика и на одмор отиде со +9 (11:20). Второто полувреме само ја потврди победата на  Еурофарм Пелистер,  а ракометарите ја зголемија разликата до +16. Натпреварот беше само формалност и немаше резултатска неизвесност.  Шанса за настап добија сите ракометари од клупата на двете екипи

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ненад Белистојаноски со девет и Емилијан Ѓорговски со седум погодоци, додека кај Прилеп  во листата на најдобари стрелеци се запиша Давор Шокоски со шест гола.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе