ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Рози за Тоше, маратонците пристигнуваат во среда

421

Почитувачите на Тоше Проески, и годинава на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево ќе пристигнат во 11:30 часот во Крушево и ќе бидат пречекани со рози.

Организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.
Ултрамаратонот се одржува по дванаесетти пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе